Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банките повлекуваат злато од најголемиот трезор-Зошто?

Банките повлекуваат злато од најголемиот трезор-Зошто?

Според податоците на Федералните резерви на САД, централните банки го забрзаа повлекувањето на златото од тој трезор кој е најголем на светот.

Во него од 2014 година за прв пат се намалени залихите за 388 тони.

Германија пред две години прв пат повлекла голема количина од драгоцениот метал од Њујорк - дури 120 тони.

Оваа година, за првите седум месеци, се повлечени 87 тони злато, наведуваат Федералните резерви на САД. Тоа е значајно повеќе во споредба со истиот период после 69 тони и предминатата година 55 тони.

Во трезорот во Њујорк до 31 јули 2016 година се чувани  вкупно 5807 тони злато. Повлекувањето на златото од трезорот почнало во 2007 година кога залихите изнесувале 6,606 тони.

Од февруари 2014 година до јули 2016 година централните банки од Федералните резерви на САД повлекле вкупно 388 тони драгоцен метал.

Слично

Поврзани вести