БАНКИТЕ ОТПИШУВААТ ДОЛГОВИ: Се намалија проблематичните кредити!
Драматично намалување на салдото на проблематични и нефункционални кредити. Само за еден месец, или во јуни во споредба со мај, оваа проблематична изложеност се намалила за 123 милиони евра.
Овој тренд според Народната банка е резултат на една од мерките со кои монетарната власт ги задолжи банките да започнат со операцијата за “чистење“ на кредитните портфолија.
“Мерката на Народната банка за задолжително „чистење“ на кредитните портфолија од старите и целосно расходувани нефункционални кредити, статистички ги подобри показателите за квалитетот на кредитната изложеност на банките, но, од друга страна го анулираше кредитниот раст (кој, со изземање на ефектите од оваа мерка, заклучно со јуни 2016 година ќе беше двојно повисок). Сепак, со оваа мерка, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се сведе на 7,5% и е за околу една третина помало во споредба со јуни 2015 година, кога изнесуваше 11,5%“ , објаснуваат од НБМ.
Со ова, мерката даде позитивен ефект врз “чистењето“ кредитните банкарски портфолија, но од друга страна сепак, негативно влијаеше врз кредитниот раст. Дел од банкарите објаснуваат дека се работи за стари, веќе ненаплатливи побарувања, кои сеуште фигурираат на некој начин во билансите на банките.
“Банките и натаму ќе можат преку свои инструменти и законски можности да се обидуваат да ги наплатат овие побарувања, но тие веќе нема официлано да бидат дел од банакрските биланси, со што ќе се добие на некој начин и пореална слика за состојбата“, коментираат дел од банкарите.
Во јуни салдото на проблематичните побарување изнесувало 333,4 милиони евра а во мај тоа беше 456,9 милиони евра.
Р.Ф.
Слично
