Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банките на Словенија пред уште една година со загуби

Банките на Словенија пред уште една година со загуби
На словенечките банки  им претстои четврта последователна година на негативни деловни резултати, ова е прогнозата за Нова љубљанска банка и Нова кредитна банка Марибор кои се најголеми во земјата. Според пресметките на Централната банка по неоданочената загуба од 101,2 милиони евра во 2010 и 539,1 милиони во 2011, во првите десет месеци од 2012 банките загубиле 155,3 милиони евра што е зголемување од 25%, пренесе агенцијата СТА. Главната причина лежи во отписот на долгови и издвојување пари за покривање на можни идни лоши заеми во вкупна сума од 840,3 милиони евра што е за 19% повеќе во однос на првите десет месеци од 2011.
Слично

Поврзани вести