Банките на Кипар под клуч до четврток
Сите банки во Кипар ќе бидат затворени до четврток, ова е одлуката која донел кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис, а е соопштена доцна синоќа од Централната банка на Кипар.
Одлука министерот Сарис ја донел по препорака на гувернерот на Централната банка Панаикос Деметријадес, за да “се обезбеди нормално функционирање на целиот банкарски систем“, се наведува во соопштението.
Само два часа пред тоа соопштение, Централната банка најавила дека сите банки во земјата, освен двете најголеми, денеска ќе бидат отворени.
Кипарските банки се затворени од 16-ти март за да се спречи подигнување на голема сума на пари, додека владата на таа земја и нејзините меѓународни кредитори преговарале околу планот за собирање на средства на Кипар за да може официјална Никозија да осигури пакет за помош, кој на крај беше одобрен во ноќта меѓу 24-ти и 25-ти март во износ од десет милијарди евра.
Слично
