Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банките ќе „ќаруваат“ се помалку од државата

Банките ќе „ќаруваат“ се помалку од државата

Приватните банки и штедилници ќе ќаруваат се помалку преку издадени државни записи и од обврзниците преку заедничкиот осигурителен фонд ќе заработат само 2,5 милиони евра од каматата која во просек ќе се движи само 0,9 отсто. Ова го покажува проекцијата на Фондот за осигурување на депозитите за 2019-та. Овие пари Фондот, кој се финансира со премии од банките, ќе ги добие до крајот на идната година бидејќи годинава државата ќе се задолжува исклучиво само со едногодишни записи.

Сепак, долгот на државата кон банките и натаму ќе продолжи да расте и до крајот кон членките на Фондот тој ќе изнесува 17,3 милијарди денари, односно околу 300 милиони евра преку оваа институција, а многу повеќе надвор од неа. Позитивно од сето тоа е што каматата за државни записи е драстично намалена и планираниот просек од 0,9 на 12-месечните обврзници е далеку помал од оној кога беше 3,6 пред пет години, па и 4,75 отсто во 2012-та. 

Проекцијата се потврдува и во пракса во четирите досегашни аукции годинава на Министерството за финансии реализирани се 2,7 милијарди денари. Во три случаи на годишните обврзници каматата е 0,8, а во еден дури 0,5. Голем придонес кон намалувањето на каматата има се поголемиот интерес и за објавената побарувачка има неколкукратно поголема понуда.

Помалата камата ќе им донесе и помалку добивка на банките од овој извор на приходи, а ако се оди според проекцијата тоа ќе биде двојно помала добивка во однос од пред две години. За едногодишните обврзници позајмени во 2017-та, на крајот вкупната камата чинела 5 милиони евра во рамките на Фондот.

Токму поради помаата камата, зголемениот интерес за обврзници, но и намаеното темпо на задолжување на државата ќе придонесе вкупните приходи на Фондот да бидат помали за 35 отсто, во однос на приходите од крајот на 2018 година, односно ќе се намалат за 85 милиони денари. Во 2019 година ќе купува дванаесет месечни државни записи со основна вкупна вредност од околу 11 милијарди денари.

А.К.


Слично

Поврзани вести