Економија, финансии, бизнис

Контакт

Калеников:Банките да даваат повеќе кредити на компаниите кои работат владини проекти!

Калеников:Банките да даваат повеќе кредити на компаниите кои работат владини проекти!
Бидејќи Владата е еден од најголемите работодавачи во Македонија, бараме соработка за да се зголеми кредитирањето на компаниите кои имаат договори со Владата, за проекти кои таа бара да се прават, а  со одложено плаќање, истакна денеска Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Калеников побара банките да бидат пофлексибилни во кредитирањето на компаниите кои работат со Владата, за време на форумот Банкекспо кој денеска се одржува во Скоје, а на кој се разговара за економијата во земјава. На ова врати Ѓорѓи Јанчевски од НЛБ Тутунска Банка и рече дека банките го ценат ризикот кој компаниите го имаат со Владата. Инаку потсети тој, неговата банка учествува во ваквите кредитирања. „Можеби постои поинаков впечаток со оглед на тоа што Владата доцнеше со исплатата на ДДв-то, но сепак банките го имаат тоа во предвид, нагласи Јанчевски.  
Слично

Поврзани вести