БАНКИ: Зголемена побарувачка за кредити – дали ќе има олеснување на условите?
Банкарите очекуваат заголемена побрувачка за кредити и од страна на населението и од страна на компаниите, но со послаб интензитет. Ризикот од опасноста да не може да се изврши, односно наплати кредитот претставува еден од најзначајните фактори кои придонесувале за заострување на кредитните услови. Кај компаниите, при одбрување на кредити клучни фактори, меѓудругото, биле : приходите на клиентот, познавање на клиентот, квалитет на управување на фирмата и капиталната моќ на клиентот. Во периодот што следува банкарите очекуваат олеснување на условите за кредитирање, но не со зголемен интензитет.
Кредитирање на населението...
Најновата Анкета за кредитната активност на банките покажува дека во периодот што следува не се очекува олеснување на условите за кредитирање на населението, имено трендот на олеснување на кредитните услови, што почна во 2012 та година, сега значајно забавува.
“Во однос на очекувањата за следниот квартал, најголемиот дел од банките не очекуваат промена на кредитните услови на населението. Следствено, нето-процентот се сведе на -3,9, наспроти -44,5 во претходниот квартал. Ваквите резултати укажуваат на прекин на трендот во очекувањата за континуирано нето-олеснување на кредитните услови на овој пазарен сегмент карактеристичен од почетокот на 2012 година“, се наведува во јулскиот извештај кој ја сумира првата половина од оваа економска година заедно со очекувањата за периодот што следува.
Заклучно со првата половина од 2015 -та година банкарите го продолжиле трендот на олеснувањата во делот на каматната стапка за станбените и за потрошувачките кредити, додека останатите кредитни услови за граѓаните главно останале непроменети.
Во наредниот период, се очекува понатамошно нето-зголемување на вкупната кредитна побарувачка од страна на населението, но послабо отколку што се очекуваше во претходната анкета. Анализирајќи според одделните категории на кредити, се очекува послаб раст на побарувачката на потрошувачките кредите, додека кај станбените и кај останатите кредити, очекуваниот раст на побарувачката е со сличен интензитет како и во претходната анкета.
Во наредниот период, според анкетата спроведена меѓу банакрите, се очекува понатамошно зголемување на вкупната кредитна побарувачка од страна на населението, но послабо отколку што се очекуваше во претходната анкета. Анализирајќи според одделните категории на кредити, се очекува послаб раст на побарувачката на потрошувачките кредите, додека кај станбените и кај останатите кредити, очекуваниот раст на побарувачката ќе биде со сличен интензитет како и во претходната анкета.
Кредитирање на компании…
Според спроведената анкета на НБМ, кредитните услови за претпријатијата во второто тримесечје забележале умерено олеснување, но сепак најголемиот дел од банакрите укажале на непроменетост на кредитните услови на овој пазарен сегмент. Во наредниот период, фирмите може да очекуваат натамошно нето-олеснување на кредитните услови кај сите типови кредити, но со речиси иста динамика како и досега.
“Во наредниот период, банките очекуваат натамошно нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити, што претставува продолжување на трендот од изминантите анкети. Сепак, се очекува нето-зголемувањето да биде помало споредено со претходниот квартал, одразувајќи го зголемениот број на банки коишто не очекуваат промени на сметка на намалениот број банки кои сметаат дека побарувачката ќе се зголеми“, посочиле банкарите.
Во третиот квартал од годнава, 72,3% од анкетираните банкари изјавиле дека условите за кредитирање ќе останат непроменети, 25,8% рекле дека условите делумно ќе олеснат, што е помал процент на банкри во однос на претходната анкета, а 1,8% пак изјавиле дека очекуваат значително осленување на кредитните услови за фирмите. Од друга страна се зголемува процентот на банкари кои сметаат дека побарувачката за корпоративни кредити ќе остане непроменета додека се намалува бројот на банкари што очекуваат делумно зголемување на побарувачката во следните три месеци.
Кај компаниите, при одбрување на кредити клучни фактори, меѓудругото, биле : приходите на клиентот, познавање на клиентот, квалитет на управување на фирмата и капиталната моќ на клиентот.
Според податоците од НБМ, кредитната поддршка на корпоративниот сектор, во првиот квартал од 2015 година беше со стапка на раст која што е најниска во изминатите шест квартали.
Д.А.
