Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банки во Турција продаваaт големи количества долари за да го зачуваат курсот на лирата

Банки во Турција продаваaт големи количества долари за да го зачуваат курсот на лирата

Турските банки неочекувано и денеска предложија да продаваат големи количества долари, спроведувајќи ја големата операција на спасување на националната валута - лирата, соопштија претставници на деловните средини од лондонското Сити, цитирани од агенциите.

-Сето покажано води кон тоа дека турските банки извршуваат операција што има за цел да го поддржи курсот на лирата, посочи трговец со валути.

Како резултат на операцијата попладнево е регистирано зголемување за 0,2 отсто на курсот на лирата во однос на доларот, кога американската валута се разменуваше за 1,89 лири.

Антивладините демонстрации и протести во различни делови на Турција, што траат од 31 мај, почнуваат негативно да се одразуваат врз економијата на земјата. Во последните денови е регистриран силен пад на главниот индекс на Истанбулската берза, а државните обврзници на Турција се обезвреднети.

Слично

Поврзани вести