Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКИ: Турците и Бугарите ги јакнат позициите во банкарскиот систем во Македонија!

БАНКИ: Турците и Бугарите ги јакнат позициите во банкарскиот систем во Македонија!
Банките со доминантни странски акционери и натаму со повеќе од 74% имаат најголем  удел во акционерскиот капитал на банакрскиот сиситем.  Но, последните податоци на Народната Банка покажуваат дека се намалува учеството на странскиот капитал во вкупниот акционерски капитал. Од Народната Банка инофрмираат дека се регистрирани и  сопственичките промени. Расте учеството на банките со доминатен туски и бугарски сопственици. Стопственички промени во банкарскиот сектор… Банките во претежна сопственост на странски акционери имаат најголемо учество во акционерскиот капитал на банкарскиот систем, коешто во последните четири квартали е непроменето и изнесува 74,2%.  Според најновиот извештај на Народната банка, непроменето е и учеството на акционерскиот капитал на  подружниците на странски банки, кое изнесува 59,2%, но сепак има промени на учеството на странскиот капитал во вкупниот акционерски капитал во земјава. “Учеството на странскиот капитал во вкупниот акционерски капитал на банкарскиот систем се намалува во последните два квартали и на 30.6.2015 година изнесува 76,0%. Финансиските институции преовладуваат во сопственичката структура на акционерскиот капитал, со учество од 65,2%.“, се посочува во извештајот на НБМ. Од Народната Банка информираат дека се регистрирани сопственичките промени. Така,  ЕБРД го намалила своето учество во акционерскиот капитал на „ТТК банка“ АД Скопје, за 2,9 проценти поени, односно  од 18,9% на 16,0%. Исто така, промена на сопственоста на капиталот од странска во домашна, преку тргување на Македонската берза  била  забележа и кај други три банки. Промени во концентрацијата на капиталот Промени има и во концентрацијата на капиталот, пришто јакнат позициите на трурски и на бугарски акционери. “Според земјата на потекло на претежниот странски акционер се забележува промена во пазарните учества, и тоа пораст на учеството на банките со претежен сопственик од Турција за 0,3 и Бугарија за 0,2 процентни поена и намалување на учеството на банките со претежен акционер од Франција за 0,2 и Грција за 0,3 процентни поении“, се посочува во извештајот. Доминантнен е капиталот на Грците и Словенците Во банкарскиот сектор и натаму доминира грчкиот  и словенечкиот капитал преку НБГ, која е доминатен сопственик на Стопанска Банка, односно НЛБ, преку сопставеноста во Тутунска Банка. Француската банарска корпорација “Сосиете Женерал“ ја презеде Охридска Банка, која во изминатиот период го зголемува своето пазарно учество. Пазарната  концентрација во банкарскиот ситем на поголемите на сметка на помалите банки, и натаму е висока. “Пазарното учество по поединечна банка се намалува кај поголемиот број банки коишто и онака имаат мало учество, со што се потврдува високата концентрација во банкарскиот систем. Имено, три од банките зафаќаат 60,4% од вкупната актива на банкарскиот систем, а дури десет банки имаат поединечно учество помало од 5%“, констатира НБМ. Заклучно со првото економско полугодие, на ниво на банкарскиот сектор е оставрен вкупен профит од 33 милиони евра, што е речси двојно повеќе во однос на истиот период лани. Овој позитивниот финансиски резултат, главно се должи на гоелемите, водечки банки. Само кај три од нив е концентриран околу 95% од вкупниот финансиски резултат. Показателите за профитабилноста се значајно  подобрени. Од Централната банка објаснуваат дека причина за зголемената добивка со намалените каматни расходи, како и растот на редовните приходи. На квартално ниво, НБМ констатира намалување на ликвидноста на ниво на банкарскиот сектор “Тоа се должи на фактори од сезонско влијание, но во еден дел произлегува и од влијанието на специфични фактори од домашното и надворешното опкружување врз изворите на финансирање, особено врз депозитите на населението. Ликвидните средства и натаму се намалуваат на квартална основа“, објаснуваат од Народната Банка и посочуваат дека ликвидните средства на годишна основа бележат раст. Според официјалните податоци  заклучно со второто  полугодие од годинава , бројот на институции коишто вршат банкарски активности во Република Македонија е непроменет во однос на претходниот квартал и изнесува петнаесет банки и три штедилници . Единаесет банки се во претежна сопственост на странски акционери, при што седум од нив се подружници на странски банки. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести