БАНКИ: Ќе паѓаат каматите на кредитите, но и на штедењето
Банкарите полека ја сумираат 2015 година. Заклучно со крајот на септември нето добивката во банкарскиот сектор изнесува 21 милион евра, со раст од 54% во однос на јуни, лани. И годинава продолжи трендот на раст на кредитите и на депозитите, но и на нефункционалните побарувања.
Пад на каматите на потрошувачки кредити ...
Дел од кредитите за население можно е да поевтинат. Поради конкуренцијата во банкарскиот сектор постојат услови за намалување на каматите, најави Ѓорѓи Јанчевски, прв човек на Здружението на банкари. Од друга страна, можно е и натамошно намалување на каматите за депозитите.
Нефункционалните кредити и профити ...
Сумираните податоци за 2015 година, заклучно со октомври покажуваат натамошен пораст на нефункционалните кредити, кои на крајот од лани изнесувале 11,2%. Во анализираниот период намалување има кај проблематичните кредити за население а зголемување кај компаниите.
Нефункционални кредити 11,7%:
Население 5,5%
Правни лица 16,5%
По најавата на гувернерот Димитар Богов дека по Нова година можни се мерки поврзани со потрошувачките кредити, првиот човек на Здружението на банкари, Јанчевски вели дека нема да има забавување или застој во одборување на овој вид на кредити.
“Тоа што го најави Народната Банка практично е усмерувачки сигнал. Потрошувачки кредити ќе има. Во борбата за клиенти, банките даваат подобри услови, го пролонгираат рокот на отплата, а даваат и фиксни камати за првите три години, што е потенцијална опасност во случај на повисока инфлација или рецесија, ако дел од населението ги изгуби работните места. Од тој аспект оваа мерка е издржана. Сеапак, состојбата со нефункционалните кредити кај овој вид на понуда не е алармантна. Во НЛБ Тутунска банка дури има и намалување на ова салдо на проблемтични кредити. На ниво на банкарскиот сектор тоа изнесува 5,5% и тоа не бројка што укжаува на алрмантност. Во делот на потрошувачките кредити не се забележува зголем број на клиенти туку расте задолженоста на граѓаните кои го пролонгираат рокот за отплата. Затоа има аргументи во најавата на гувернерот Богов за мерки кои би биле усмерувачки и би се однесувале на капиталната адекватност, односно ако една банка сака да дава ваков вид на кредити ќе мора да го зголеми капиталот“, вели Јанчлевски.
Дел од банките веќе се огласија за состојбата со салдото на нефункционални кредити.
“Стопанска банка – Битола може да соопшти дека оваа година ќе ја заврши со добивка. Новите производи и услуги што ги понудивме лани на пазарот сега ги даваат очекуваните резултати. Вкупната вредност на кредитите за физички лица бележи пораст од 50% во 2014 година. Голем удел во овој раст има и континуираната понуда на банката на нови производи и услуги, кои се прилагодени на потребите на клиентите. Изминатата година Стопанска банка година имала раст на корпоративното портфолио за 10,26% и пораст на депозитите за 39,18%.Нивото на нефункционални кредити е пониско од просекот во банкарскиот сектор“, соопшти Владимир Ефтимовски, прв човек на Стопанска Банка – Битола.
Кредитен и депозитен раст испорача и НЛБ Тутунска Банка. Од таму велат дека заклучно со октомври кредитниот раст изнесува 6,2%, со позначаен пораст на кредитирањето на население. Од друга страна, растот на депозитите изнесува 5 отсто или 44 милиони евра во однос на состојбата на крајот од 2014 година.
“За првите девет месеци од годинава добивката изнесува 14,6 милиони евра што ја прави банката една од најпрофитабилните компании во земјава. Нефункционалните кредити на ниво на банката изнесуваат 7,6 проценти и во однос на крајот од 2014 година има намалување и кај населението и кај компаниите“, изјави директорот на НЛБ Тутунска банка, Јанчевски.
НЛБ Тутунска банка, на истекот од оваа година објави раст на депозитите за 5%, и на кредитирањето од 6,2 отсто, што е над нивото на банкарскиот сектор . Според последните податоци од НБМ, вкупниот депозитен потенцијал во банките изнесува 4,8 милијарди евра а кредитна изложеност заклучно со десеттиот месец е 4,4 милијарди евра.
Слично
