Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКИ, ФАРМАЦЕВТИ, ТРГОВЦИ ВО ТОП-50: Кој ги направи најголемите добивки во Македонија за 2025?

БАНКИ, ФАРМАЦЕВТИ, ТРГОВЦИ ВО ТОП-50: Кој ги направи најголемите добивки во Македонија за 2025?

„Фактор“ и оваа година ги обезбеди најголемите добивки остварени од страна на компаниите во Македонија за минатата година.

Како и што се очекуваше, на врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како Алкалоид и Мега Витал (Зегин) , од електро енергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како Усје Титан, ИГМ Трејд, Кнауф Радика, Конти Хидропласт.

Тука се и компаниите кои како инвеститори работат во индустриските зони како Џонсон Мети, ВДЛ Бус (Ван Хол), Магна Мирорс, Амфенол Технолоџи и Костал. 

Филип Морис и Империал Тобако се претставници од тутунската индустрија, а од рударството Кнауф Скопје, Бучим и Мермерен комбинат Прилеп. Од дејноста игри на среќа се Апекс МК и Касинос Аустриа. Од производството на пијалоци ги има Пивара Скопје и М-6 (Тиквеш). Од секторот за изградба на станови најуспешни се Еаст Гате Ливинг и Адора. Кај трговците со возила тука се Мак Аутостар и Порше Македонија. Од малопродажните синџири во Топ-50 единствено се КАМ и Кипер Маркет.          

Итал Мармо од Кичево, во сопственост на Агим Ризмани, за управување со недвижен имот, за прв пат во историјата се најде во рангирањето.    А.К.


Фото: Пекселс

Слично

Поврзани вести