Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Банкекспо 2013“-Саем на банки и штедилници

„Банкекспо 2013“-Саем на банки и штедилници

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија по вторпат организира „Банкекспо“, заеднички саем на сите банки и штедилници од Македонија, кој е по повод Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври.

„Банкекспо 2013“ ќе се одржува на 30 и 31 октомври во хотелот „Александар Палас“ од девет до 18 часот, каде што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со услугите на банките и штедилниците.

Во рамки на саемот Здружението, со поддршка на Народната банка на РМ и Министерството за финансии, на 31 октомври ќе организира и прв регионален форум на тема „Земјите од регионот во услови на економска криза, предизвици и решенија“, на кој се поканети да учествуваат гувернери, министри за финансии, претставници од здруженијата за банкарство од земјите од регионот

Слично

Поврзани вести