Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКАРСКИ СМЕТКИ: Упад во приватноста или обид за намалување на невработеноста!

БАНКАРСКИ СМЕТКИ: Упад во приватноста или обид за намалување на невработеноста!
Власта ќе има увид во банкарските сметки на граѓаните. Банкарите се изненадени од новото законско решение, а од Здружението на банкари засега велат дека нема да ги коментираат измените. „Имаме добра соработка со државните институции, но не сме информирани за измените на Законот за банки. Откако измените ќе бидат усвоени во Собранието, ние како Здружение на банкари ќе донесеме став за ова прашање“, велат за „Фактор“ од Здружението на банкари. За дел од банките кои работат во земјава, новите законски измени не претставуваат никаков проблем, бидејќи како што посочуваат и досега дел од државните институции имале увид во банкарските сметки на граѓаните. Сепак, добар дел од банкарите сметаат дека станува збор за нелогично решение, со оглед дека станува збор за многу широка одредба, на која институциите може да се повикаат за се и сешто, односно не е прецизрано за кои потреби и во какви случаеви би се користела таквата одредба. Понатаму, нелогично е и тоа што може да се случи едни банки да потпишат меморандум со кои ќе ги даваат податоците на институциите, а други да не го потпишат тој меморандум, па со тоа и самите граѓани би се ставиле во нерамноправна положба, зависно од тоа во која банка се клиенти.Законот, не ги обврзува банките да потпишат меморандум, туку остава на нив сами да одлучат дали ќе го потпишат тој меморандум со кој ќе ги даваат податоците или не. Дополнително, дури и ако некои банки го потпишат меморандумот, нејасно е што тој би содржел, односно дали нема се случи ситуација различни банки да потпишат различни меморандуми, па со самото тоа во различни банки, да се даваат податоците на киентите но по различни основи. Серија прашања остануваат отворени, но банкарите сугерираат дека основниот принцип во нивната работа е дека банкарските сметки на граѓаните се деловна тајна. Затоа, поголемиот дел од банкарите за Фактор , сугерираат дека наместо вакво законско решение, можеби требало да се размисли за опцијата, од самите граѓани да се бара да потпишуваат согласност за увид во банкарските сетки од страна на институциите, во ситуација когатие се баратели на некое социјално, здравствено или право на бвработување. Намалување на невработеноста и социјалните права Сметам дека владината измена на Законот за банки е со цел да се прикаже административно намалување на невработеноста, како и намалување на здравствено неосигурени лица, вели економскиот аналитичар Изет Зекири. Според Зекири, оваа мерка може да се толкува и како спротивна на Законот за заштита на лични податоци и приватноста на граѓаните. „ Агенцијата за вработување ќе ги контролира банкарските сметки на граѓаните кои бараат работа. И, ако имаат прилив од странство може да се бришат од евиденцијата на невработени. Исто така и ФЗО за сите тие кои имаат приходи од некој извор ќе им биде неизвесно бесплатното здравственото осигурување. Ова, граѓаните ќе ги стимулира паричните неформални трансфери да не ги прават во Македонија, само со цел да ги заштитат личните податоци“, додава Зекири во изјава за медиумите. МТСП – ќе се намали злоупотребата на парична помош Од министерството за труд и социјална политика велат дека со цел намалување и отстранување на сите можности за злоупотреба на паричната помош и правата од социјална заштита, увидот во материјалната состојба на потенцијалните приматели е неопходно, бидејќи остварувањето на дел од паричните права како на пример социјална и постојана парична помош зависи од материјалната состојба на барателите.Односно право на овој вид на парична помош имаат граѓаните кои се наоѓаат во потешка материјална положба или материјално необезбедени. „Се планира увидот во финансиската состојба во банките да се врши доброволно врз основа на изјава и претходна согласност од примателите на правата. На овој начин ќе се намали злоупотребата на парчните права и ќе се оневозможи помошта да ја остваруваат лица кои не ги исполнуваат условите, а ќе се овозможи средствата да се наменат за оние граѓани кои се реално во потешка материјална состојба и се наоѓаат во социјален ризик“, додаваат од министерството за труд и социјална политика. Што предвидуваат измените на Законот за банки Основно решение што се предлага со законот е создавање на законски услови за овозможување пристап до податоците со кои се стекнале банките при вршење на банкарски и други финансиски активности на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за здравственото осигурување на Македонија, само за постапки кои се спроведуваат во рамките на тие институции, се објаснува во измените на Законот за банки. Целта е да се овозможи преку пристапот до податоците со кои се стекнале банките при вршење на банкарски и други финансиски активности, да извршат проверка на податоците кои ги поднесуваат барателите – физички лица, за остварување на одредени права во постапка пред овие институции. „Ако податоците се даваат на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за потребите на вршење на работите од нивните надлежности и во согласност со прописите за заштита на личните податоци, само доколку банка склучи меморандум за соработка со овие институции“ Законот е веќе во собраниска процедура, и ја помина фазата на прво читање. Банкарска тајна согласно постоечкиот закон Документите, податоците и информациите кои се стекнати при вршење на банкарски и други финансиски активности за поединечни лица и трансакции со поединечни лица, како и за депозитите на поединечни лица претставуваат банкарска тајна која банката е должна да ја заштити и чува, стои во сегашниот Закон за банки. Во кои случаи досега институциите имаа пристап до сметките на граѓаните? Лицата со посебни права и одговорности, акционерите и вработените во банката кои имааат пристап до документите, податоците и информациите, како и лицата кои преку давање услуги на банката имаат пристап до документите, податоците и информациите , се обврзани да ги чуваат, можат да ги користат исклучиво за целите за кои се добиени и не смеат да ги откријат на трети лица. Исклучок се случаите кога: · Со закон е пропишано објавување на податоците и информациите · Лицето дало писмена согласност за откривање на податоците · По писмено барање на јавното обвинителство или надлежен суд за водење на постапки кои се во рамките на неговите надлежности · За потребите на Народната банка или на друг супервизорски орган овластен со закон · По писмено барање на Управата за Јавни приходи за водење на постапки кои се во рамките на нејзините надлежности · Ако податоците се соопштуваат на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во согласност со закон · Ако податоците се соопштуваат на Управата за Финансиската полиција, во согласност со закон на писмено барање на Државниот девизен инспекторат за контрола на девизното работење · На писмено барање на Фондот за осигурување на депозити, во согласност со закон · Ако податоците се соопштуваат за потребите на функционирање на · Кредитниот регистар на Народната банка и до кредитно биро, во согласност со закон; · Податоците се соопштуваат за потребите на управување со кредитниот ризик на други членки на банкарска група или на банкарска група чие матично лице е со седиште надвор од Република Македонија, а чија членка е банката · По писмено барање на лицата овластени за извршување во согласност со закон Н.С.
Слично

Поврзани вести