Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банкарски провизии за фирмите: Колку чини известување во плико, а колкави се приходите од надоместоци за банките

Банкарски провизии за фирмите: Колку чини известување во плико, а колкави се приходите од надоместоци за банките

Ако е во плико, каматниот лист секој месец ќе ги чини фирмите по сто денари.

Вакво известување добиле домашни компании кои имаат кредити во некои од домашните банки. Станува збор за месечна провизија за пратено плико во кое е ставен каматниот лист за задолжувањето кој е потребен да с  еима за да се чува во сметководство. Ако листот банката го праќа на електронска пошта, тоа не се наплаќа.

Инаку праќање на плико во банка чини 18 денари.

Стопанствениците реагираат дека ова се навистина големи трошоци за нив, иако „на прва“ сто денари и не се многу. Велат дека домашните банки се почесто воведуваат нови провизии или ги зголемуваат постојните.

Банкарите се децидни пак, дека банкарските услуги треба да се дигитализираат па затоа сите останати се тарифираат со повисоки цени. Сепак, од година в година растат приходите на банките по основ на провизии и надоместоци. Се наплатуваат трошоци за сметки, за известувања, за блокади, за деблокади. Иако имаше најави засега не станало збор за ограничување на овие надоместоци.

Годинава само до септември сите банки инаксирале од провизии нето приходи во висина од 3,4 милијарди денари или рекордни 55,6 милиони евра.

Во истиот период лани нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 3.2 милијарди  денари или 52,6 милиони евра.

Во 2008 година или на крајот на септември таа година нето приходите од провизии изнесувале 2,9 милијарди денари што е 46,6 милиони евра или за десет години приходите од провизии кај банките се зголемиле за безмалку 20 проценти.

Инаку банките во Македонија заклучно со спетември годинава имаат добивка по одночување од 7,6 милијарди денари или 124 милиони евра, што е за 70 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

А.Т.

Слично

Поврзани вести