Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКАРСКИ ПРОМЕНИ: Заминува Јанчевски, Антонио Аргир нов директор на НЛБ Тутунска Банка?

БАНКАРСКИ ПРОМЕНИ: Заминува Јанчевски, Антонио Аргир нов директор на НЛБ Тутунска Банка?
НЛБ Тутунска банка наскоро  ќе добие нов директор. Првиот човек на банката, долгогодишниот директор Ѓорѓи Јанчевски заминува во пензија. Според потврдени инфрмации, мандатот на Јанчевски истекува на крајот од оваа година, со што тој ја завршува банкарската кариера и заминува во пензија. Иако во банкарски кругови се лицитира со повеќе имиња за можен наследник на Јанчевски, сепак фаворит е Антонио Аргир, кој сега е директор на деловната мрежа и член на одборот за управување со ризици во НЛБ Тутунска банка. Од неодамна Аргир влезе и во највисоките раководни органи на НЛБ Тутунска банка. Тој важи за банкар од кариера. На 9 ти јули годинава и официјално доби согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор, од страна на гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов. Во НЛБ Тутунска банка името на Аргир се споменува како најсериозен кандидат за директорската позиција. Според информации на “Фактор“, овие менаџерски промени веќе се поткрепени со одлука која се очекува да биде соопштена во најскоро време. НЛБ Тутунска банка е една од банките од “големата четворка“, чиј сопственик е Нова Љубанска Банка. Овој месец, банката ќе го одбележи своето три децениско работење. Инаку, сега членови на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка се Ѓорѓи Јанчевски, кој е прв човек односно престедател на УО, Љубе Рајевски, Дамир Кундер и од годинава Антонио Аргир. Како дел од Надозрниот одбор се шест члена, од кои четворица се странци а двајца се од Македонија. Нова Љубјанска банка во банкарскиот сектор е пенетрирана во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија а преку бизнисот со лизинг и недвижности , е влезена и во Бугарија, Чешка, Италија, Хрватска и Швајцарија. По финасиската криза, словенечката банка беше дел од пакетот на словенечки банки во кои беше спроведена операцијата за докапитализација, чија цел беше да исполни потребниот коефициент за адекватност на капиталот. Имено, словенечката банка беше подложна на процесот на “чистење“ на портфолиото од нефункционалните кредити кои беа префрлени во т.н “слаба банка”, формирана наменски за оваа цел. Од вкупната сума од 900 милиони евра, дури 500 милиони се однесуваа на Нова Љубљанска банка, чии ненаплатливи кредити според, изнесуваа и до 2 милијарди евра. НЛБ Тутунска банка остана имуна на овие трансакции и промени, како една од најпрофитабилните банки кои се дел од словенечката банкарска групација. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести