Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКАРСКИ ПРОМЕНИ: НЛБ на продажба – ќе се менува ли странската доминација во Македонија?

БАНКАРСКИ ПРОМЕНИ: НЛБ на продажба – ќе се менува ли странската доминација во Македонија?
Словенија ја почнува постапката на приватизација на 20 државни компании, меѓу нив и НЛБ – групацијата која е доминантен сопственик на Тутунска банка. Можните промени би се спровеле веќе во 2016 година, како дел од обврските превземени со спасувачкиот пакет на Европската централна банка, со кој беше опфатена и словенечката банка. Што ќе значат можните сопственички промени за НЛБ Тутунска банка? НЛБ Тутунска банка ќе добие нов сопственик... НЛБ Тутунска банка е во очекување на нов сопственик. На почетокот од следната година, и во текот на целата 2016 ќе се почне и ќе се спроведува операцијата за продажба на НЛБ – Словенија која е доминантен сопственик на Тутунска банка. Постапката за приватизација на државната словенеча банка е дел од одлуката на официјална Љубјана во текот на следната година да приватизира 20 државни компании, меѓу кои и банката. Но, во исто време продажбата на НЛБ – Словенија е дел и од договорот со Европската централна банка кога се дефинираше спасувачкиот пакет со кој беа опфатени проблематичните европски банки. НЛБ – Словенија е доминантен сопственик на Тутунска банка, поседувајќи скоро 90% од капиталот. “Кога се правеше спасувачкиот пакет за НЛБ – Словенија, практично целата групација се стави под мониторинг  на Европската централна банка. Дел од тој пакет најпрвов беше докапитализацијата на банка на која се сметаше дека и се додели државна помош, па оттука таа се стави под мониторинг. Меѓу заклучочците беше и тој дека групацијата треба да се приватизира. Европската комисија и Европската централна банка излегоа со препорака дека банката треба да се продаде“, вели директорот наНЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски. НЛБ словенечката групација веќе еднаш беше докапитализирана со 1,5 милијарди евра. Банката се исчисти од пробелматичното портфолио кое достигна и 3 милијарди евра. Во првите девет месеци од годинава банката, на ниво на целата групација прикажа добивка од 77 милиони евра што е за 19 милиони евра повеќе во однос на лани, истиот период. Процесот на продажба би се спровел преку моделот на Јавна понуда, велат од НЛБ тутунска банка и не очекуваат дека евентуалните сопственички поместувања ќе имаат рефлексија врз работењето на банката – ќерка. “Моделот на продажба би бил преку моделот на IPO ( Initial Public Offering), што би значало јавна понуда преку која треба главно да се привлече интерес на инвестициските фондови. Операцијата ќе почне и доколку успее, тоа за Тутунска банка ќе значи промена на сопстевник, други поместувања не очекувам“, вели директорот Јанчевски. НЛБ Тутунска Банка важи како една од најпрофитабилните испостави на НЛБ Групацијата, а во Македонија е дел од  “големата банкарска четворка“. Сопственички промени во банкарскиот сектор… Банките во претежна сопственост на странски акционери имаат најголемо учество во акционерскиот капитал на банкарскиот систем, коешто во последните четири квартали е непроменето и изнесува 74,2%.  Според најновиот извештај на Народната банка, непроменето е и учеството на акционерскиот капитал на  подружниците на странски банки, кое изнесува 59,2%, но сепак има промени на учеството на странскиот капитал во вкупниот акционерски капитал во земјава. “Учеството на странскиот капитал во вкупниот акционерски капитал на банкарскиот систем се намалува во последните два квартали и на 30.6.2015 година изнесува 76,0%. Финансиските институции преовладуваат во сопственичката структура на акционерскиот капитал, со учество од 65,2%.“, се посочува во извештајот на НБМ посветен на банкарскиот сектор. Од Народната Банка информираат дека во годината што измина веќе се регистрирани помали се регистрирани сопственичките промени. Така,  ЕБРД го намалила своето учество во акционерскиот капитал на „ТТК банка“ АД Скопје, за 2,9 проценти поени, односно  од 18,9% на 16,0%. Исто така, промена на сопственоста на капиталот од странска во домашна, преку тргување на Македонската берза  била  забележа и кај други три банки. Доминантнен е капиталот на Грците и Словенците Во банкарскиот сектор и натаму доминира грчкиот  и словенечкиот капитал преку НБГ, која е доминатен сопственик на Стопанска Банка, односно НЛБ, преку сопставеноста во Тутунска Банка. Француската банарска корпорација “Сосиете Женерал“ ја презеде Охридска Банка, која во изминатиот период го зголемува своето пазарно учество. Пазарната  концентрација во банкарскиот ситем на поголемите на сметка на помалите банки, и натаму е висока. “Пазарното учество по поединечна банка се намалува кај поголемиот број банки коишто и онака имаат мало учество, со што се потврдува високата концентрација во банкарскиот систем. Имено, три од банките зафаќаат 60,4% од вкупната актива на банкарскиот систем, а дури десет банки имаат поединечно учество помало од 5%“, констатира НБМ. Заклучно со првото економско полугодие, на ниво на банкарскиот сектор е оставрен вкупен профит од 33 милиони евра, што е речси двојно повеќе во однос на истиот период лани. Овој позитивниот финансиски резултат, главно се должи на гоелемите, водечки банки. Само кај три од нив е концентриран околу 95% од вкупниот финансиски резултат. Показателите за профитабилноста се значајно  подобрени. Од Централната банка објаснуваат дека причина за зголемената добивка со намалените каматни расходи, како и растот на редовните приходи. Промени во концентрацијата на капиталот Промени има и во концентрацијата на капиталот, пришто јакнат позициите на трурски и на бугарски акционери. “Според земјата на потекло на претежниот странски акционер се забележува промена во пазарните учества, и тоа пораст на учеството на банките со претежен сопственик од Турција за 0,3 и Бугарија за 0,2 процентни поена и намалување на учеството на банките со претежен акционер од Франција за 0,2 и Грција за 0,3 процентни поении“, се посочува во извештајот на НБМ . Р.Ф.
Слично

Поврзани вести