Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКАРИТЕ ПОРАЧУВААТ: не нè мешајте во вашите политички игри!

БАНКАРИТЕ ПОРАЧУВААТ: не нè мешајте во вашите политички игри!
Првиот човек на здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски, вели дека не сака да коментира политички изјави, и дека банките се раководат од нивните деловни политики. Оваа изјава на Јанчевски следува, откако вчера претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на само неколку часа пред одржувањето на закажаната аукција за заздолжување на државата ги повика банките да внимаваат дали ќе ја кредитираат државата затоа што тоа потоа може да биде предмет на дополнително законско преиспитување. Сепак, дел од банкарите, во неформален разговор посочуваат дека тие не сакаат да бидат дел од политичките препукувања на политичарите, затоа што тоа може да се одрази на вкупниот банкарски сектор.  Посочуваат дека тие се раководат од своите деловни полтики, и дека имаат сопствени, но и законски лимити од кои се раководат кога одлучуваат дали и колку ќе ја кредитираат државата преку аукции на државни записи.  Но, дека ставањето на банките во политичка конотација, како што е сега случајот не води никаде. Со барање банките да не бидат инволирани во политика, се јави и регулаторот на банкарскиот сектор, однсоно НБРМ. „Политичките партии да не ги мешаат банките во своите политички битки. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика“, стоеше во реакцијата на НБРМ. Сличен став испратија и од Министерството за финансии, порачувајќи дека закажаното задолжување е неопходно за спроведување на Буџетот. „Опозициската СДСМ да не се меша во деловната политика на банките и стопанските субјекти. Со реализација на аукцијата денеска се обезбедува потребната ликвидност за спроведување на Буџетот, како што и беше планирано.“ Ваквите реакции следуваа откако на само неколку часа пред закажаната аукција лудерот на СДСМ, Зоран Заев, рано утрото на итна прес конференција ги предупреди, банкарите дека секое задолжување што го прави државата ќе биде пресипитано, и затоа тие треба да бидат внимателни што и за какви цели финансираат. „Секое задолжување, поголемо од износот потребен за враќање на доспеани долгови по основ на државни хартии од вредност во наредните закажани аукции, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборни манипулации, лично од страна на Никола Груевски. Потенцираме дека до следната аукција на државни хартии од вредност, закажана на 15.12.2015 година, доспеваат за враќање 61 милион евра. Тоа значи дека разликата од 39 милиони е потенцијална злоупотреба на средства за изборна корупција и манипулација. Секоја банка треба да има во предвид дека над сумата од 61 милиони евра, всушност се финансира изборна корупција. СДСМ ќе стори се за да спречи изборна корупција и злоупотреба на јавните финансии за изборни цели. Банките мора да имаа во предвид што и за какви цели финансираат, изјави Заев. “ Дополнително Заев изрази и сомнеж дали овој состав на Државната изборна комисија смее да одлучува за ветото на Кире Наумов за задолжувањето на државата, или пак тоа треба да биде во рацете на новиот состав на ДИК. „ Актуелниот состав на ДИК, чијшто законски мандат истече на 08.11.2015 година, на неполни 24 часа пред изборот на новиот состав, донесе политички диригирана одлука на штета на граѓаните. Не може правото на вето на дополнителниот заменик министер да биде почитувано кога се работи за задолжување на меѓународен план, а да не важи за задолжувањето кај домашните банки, изјави Зоран Заев. Сепак, аукцијaта се одржа, а државата наместо 100 милиони евра, колку што бараше да се задолжи кај домашните  банките и останатите домашни кредитори доби околу 73 милиони евра. Минатата недела државата се задолжи со еврообврзница од 270 милиони  евра. Односно, за само десетина дена државата се задожи со 343 милиони евра, а до крајот на оваа година се најавени уште две задолжувања на домашен терен. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести