Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКАРИТЕ ОТКРИВААТ: Која валута е најефтина?

БАНКАРИТЕ ОТКРИВААТ: Која валута е најефтина?

Аналитичари од истражувачката група „Глобал рисерч“ од Дојче Банка сметаат дека до денес најефтина валута е полската злота, пренесува Бизнис инсајдер.

Во извештајот на групата економисти под раководство на Алан Раскин и Џорџ Саравелос се наведува дека полската валута котира „исклучително ефтино“ и дека е потценета за околу 10 одсто.

Истовремено, експертите најавуваат дека курсот на злотата ќе расте.

Валутата ќе ја поддржи високиот показател на бизнис активности, ниската невработеност и порастот на заработка.

Злотата — е парична единица на Полска од 1924 година. Една злота се дели на 100 гроша.

Инфлацијата во април 2015 г. изнесувала -1,3%.

Слично

Поврзани вести