Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банкарите на состанок кај Ангеловска: Платежните картички на маса

Банкарите на состанок кај Ангеловска: Платежните картички на маса

Банкари од повеќе домашни банки се повикани денеска на состанок во Министерството за финансии, дознава Фактор. Со министерката ќе разговараат за проектот домашни платежни картички кој беше промовиран викендов како дел од третиот сет економски мерки. 

Како што веќе пишувавме, банкарите многу малку знаат за програмата иако дел од нив треба да бидат и активно вклучени во реализацијатана проектот. Фактор дознава дека програмата најверојатно ќе се води со помош на Мастеркард и картичките ќе се внесуваат во системот на картично плаќње на малите трговци во земјата. Трговците кои немаат пос терминали ќе ги добијат бесплатно. Но деталите за тоа кога ќе се изработуваат, како ќе се аплицира за картичките, советникот на премиерот, Фатмир Битиќи вчера ги најави за две до три недели кога ќе бидат донесени и посебни уредби за тоа.

Според досега кажаното сметката на картичката нема да биде врзана со трансакциската сметка, туку за тоа ќе се отвора нова сметка. 

Детали овде

A.T.

Слично

Поврзани вести