Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банкар по грешка уплатил 28 милијарди евра, повеќе од што вреди самата банка

Банкар по грешка уплатил 28 милијарди евра, повеќе од што вреди самата банка

Најголемиот германски кредитор Дојче банка признала дека во рутинска операција по грешка се исплатени 28 милијарди евра.

Инаку, оваа сума е поголема од пазарната капитализација на банката, која изнесува 24 милијарди.

Банката направила пропусти пред недела дена, а парите завршиле на сметка на Еурекс, клириншка куќа во сопственост на Deutsche Borse AG.

Како наведуваат од банката, грешката на време е воочена и не нанела штета, но се покренати прашања за ризиците и системите на контрола во банката, кои директорот кој заминува и ги фалел.

Слично

Поврзани вести