Банка за донирано мајчино млеко ќе се отвори во Македонија
Македонија отвора банка за донирано мајчино млеко на почетокот на идната година, објавува „Вечер“. Банката ќе биде лоцирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, а ќе чини пет милиони денари.
Мајчиното млеко е од непроценлива важност за новородените, а особено за болните и за предвреме родените бебиња. Со отворањето на Банката за донирано мајчино млеко, ќе се спасат животите на многу новороденчиња“, велат од Министерството за здравство.
Донатори ќе можат да бидат сите здрави мајки кои имаат вишок млеко.
Слично
