Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа банка секое утро ви дава по 86 400 евра, има само два услови

Оваа банка секое утро ви дава по 86 400 евра, има само два услови

Што би направиле ако постои банка која секој ден ви уплаќа по 86 400 евра секое утро? За да го добието ова постојат само две правила:

Прво, се што не сте потрошиле тој ден банката ви го зема навечер. Не смеете да ги префрлате парите на некоја друга сметка и мора сите да ги потрошите истиот ден.

Второ, банката може да ја прекине „играта” без никакво предупредување.

Овие пари можете да ги трошите на што сакате. Да патувате, да купувате подароци за себе и за пријателите. Секој цент ќе го потрошите на ваши задоволства, немислејќи на утре, затоа што знаете дека и следниот ден ќе имате богатство.

Каде постои ваква банка?

Оваа банка ја имаме сите ние на располаѓање. Секое утро кога се будиме пред нас имаме кредит од 86 400 секунди живот се до вечерта. Се што не сме направиле тој ден загубено е. Претходниот ден  е засекогаш минато. Затоа, секое утро е нова шанса за живот. Не заборавајте дека оваа банка може да го прекине договорот во било кој момент. Затоа не ги губите вашите секунди од животот и уживајте во секоја од нив...Баш како што тоа би го правеле со парите.

Слично

Поврзани вести