БАНКА НА САД ТВРДИ: Нема друго, ќе паѓаат пари од небо!
Директно вбризгување на пари во реалната економија, е единствен преостанат начин на поттикнување на економскиот раст и инфлација.
Развивањето на економијата на светот чекор по чекор се доближува до „хеликоптерските пари“ , оценуваат аналитичарите на американската банка Ситигруп.
Се работи за правец на монетарната политика во која централните банки ги заобиколуваат комерцијалните банки и директно вбризгуваат пари во реалната економија, односно ги делат на компании и потрошувачи.
Аналитичарите на Ситигруп сметаат како таквиот неконвенционален пристап на монетарната политика е единствен одговор кој им преостанува на големите централни банки во поттикнување на економскиот раст и инфлација во опкружувањето на геополитичката нестабилност.
Може да се каже дека Ситигруп засега е осамен во таквото гледање на политика на централните банки.
Се очекувало дека кон таквиот потег минатата недела ќе прибегнат банките на Јапонија , но тоа сепак не се случи.
