Банка на Русија: Растот на БДП е 1.8 отсто, но ќе забавува
Бруто домашниот производ на Русија се зголеми за 1,8 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2025 година, објави денеска Банката на Русија во својот ажуриран среднорочен извештај.
Растот е малку забрзан во споредба со првиот квартал од оваа година кога изнесуваше 1,4 проценти, но регулаторот очекува постепено забавување - на 1,6 проценти во третиот квартал и на еден процент во четвртиот квартал од 2025 година, делумно поради високиот базен ефект на крајот од минатата година.
Банката наведува дека домашната побарувачка во Русија забавува со побрзо темпо отколку што беше проценето во април.
foto freepik.com
Слично
