Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Банка на општините“- нов план на ЗЕЛС

„Банка на општините“- нов план на ЗЕЛС
Заедницата на општини на Македонија (ЗЕЛС) планира да отвори „Банка на општините“. Според ЗЕЛС оваа банка,  ќе го кредитира финансирањето  на инфраструктурните, развојните и други потреби на единиците на локалната самоуправа. Студија за основање на банката е веќе подготвена од Центарот за економски истражувања при Економскиот факултет во Скопје. - Во овој момент во земјата постои поволна клима за отворање ваква банка, која е навистина потребна за општините, особено што сега има општини кои се подготвени да реализираат и поголеми капитални инвестиции, но се соочуваат со недоверба кај постојните банки при одобрувањето кредити - велат од ЗЕЛС. Постоењето на оваа банка ќе биде од голема корист на општините при искористувањето на средствата од европските фондови, а наскоро можеби и од структурните фондови, кога општината прво финансира дел од проектот, па потоа ги добива средствата, сметаат од заедницата.  
Слично

Поврзани вести