Економија, финансии, бизнис

Контакт

Bank of America го стави Даблин на европската финансиска мапа

Bank of America го стави Даблин на европската финансиска мапа

Bank of America донесе одлука своето европско седиште по Брегзит од Лондон да го пресели во Даблин кој е главен град на Република Ирска каде ќе ги има сите бенефити од членството на оваа земја во Европската Унија.

- Bank of America работи во Ирска и учествува во локалната заедница речиси 50 години, посочи нејзиниот шеф Брајан Монихан.

Излезот на Велика Британија од ЕУ може да делува депресивно за претходно силно развиениот финансиски пазар бидејќи големите банки и најмоќните финансиски институции сакаат да ја сменат средината. 

Досега Франкфурт доби неколку нови седишта на супер моќни банки, но и Даблин со поволните даночни стапки и проактивната владина активност исто така го прави примамлив за финансиските инстуции.

Слично

Поврзани вести