Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бања Лука: Лифт се откачил и паднал од осми кат, има повредени

Бања Лука: Лифт се откачил и паднал од осми кат, има повредени

Повеќе луѓе денеска се повредени откако се откачил лифт во босанскиот град, Бања Лука, јавуваат медиумите од регионот. 

Настанот се случил по 11 часот, а три млади момчиња завршиле во болница. Според Oslobođenje, лифтот од осми кат се откачил и почнал да паѓа, а во него како што дознаваат имало пет лица. 

Н1 објави дека се повредени пет лица, меѓу кои и вработени во телевизија, а лифтот не бил редовно одржуван. Медиумот наведува дека повредените сепак немаат посериозни повреди. 

Слично

Поврзани вести