Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бандиќ уапсен, ама сепак активен на Фејсбук?

Бандиќ уапсен, ама сепак активен на Фејсбук?
Иако градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ е приведен од вчера попладне, неговиот Фејсбук профил денеска и натаму е исклучително активен, па граѓаните се прашуваат кој постира во име на уапсениот. На неговиот профил се објавуваат статуси, но и коментираат граѓани кои го поддржуваат и не веруваат дека е виновен за делата што му се товарат. Утрово била објавена и фотографија, за која се тврди дека била снимена вчера наутро, неколку часа пред акцијата за негово приведување. Бандиќ бил фотографиран со цвеќе и колачи за неговата сопруга Весна. Потоа администраторот на профилот објавил и дека по апсењето на градоначалникот, градските власти функционираат уредно. Како потврда на тоа, се наведува и изјавата на заменик-градоначалничката на градот Сандра Шваљек, која ќе ја извршува градоначалничката должност до негово враќање.  
Слично

Поврзани вести