Бандиќ оди во притвор!
Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ доби мерка притвор и нема да се брани од слобода додека трае процесот против него за неколку кривични дела кои му се товарат.
Заедно со него, во притвор одат уште 11 осомничени, додека Петар Припуз ќе биде пуштен на слобода откако ќе плати кауција од околу еден милион евра.
Бандиќ ќе остане во истражниот затвор додека трае постапката против него, поради опасноста дека на слобода може да влијае на сведоците и доказите, но и поради можноста да го повтори кривичното дело за кое се сомничи, одлучи Жупанискиот суд.
Хрватските власти го сомничат градоначалникот на Загреб и неговите блиски соработници за серија злоупотреби со продажба на градежно земјиште, управување со отпадот и вработување, но и за малверзации и неплатен данок за донациите собрани на сметката за кампањата за претседателски избори во 2009 година.
Слично
