Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бандиќ на „претседателската“ сметка примил милиони, а не платил данок

Бандиќ на „претседателската“ сметка примил милиони, а не платил данок
Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ се соочува со серија обвинувања против него, а обвинителството денеска објави за кои се кривични дела е осомничен тој и останатите уапсени со него. На списокот се наоѓаат: злоупотреба на службена положба и овластувања, затајување на данок или царина, трговија со влијание, поттикнување на злоупотреба на службена положба и овластување и поттикнување на трговија со влијание. Уапсените се сомничат дека преку повеќе шеми заработувале на сметка на Градот Загреб, склучувајќи зделки за управување со градскиот отпад и продажба на земјиште. Исто така, својата положба ја злоупотребувале и при постапките за вработување, а службените автомобили ги користеле во приватни цели. Освен овие обвиненија, на градоначалникот Бандиќ посебно му се припишува и она за кампањата за претседателските избори во 2009 година, во која учествувал како претседателски кандидат. Наводно, за потребите на кампањата тој отворил жиро сметка на која примал донации. По изборите на почетокот на 2010 година до државните институции доставил извештај за состојбата на сметката, според кој примил 8,6 милиони куни, а потрошил 15,2 милиони хрватски куни. Но, сметката му останала отворена и тој до 2012 година на истата примил уште повеќе од 24 милиони куни донации од физички и правни лица. Овие пари, согласно хрватскиот закон, се сметаат за други приходи, за кои бил должен да пријави данок, но Бандиќ тоа никогаш не го направил.
Слично

Поврзани вести