Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бандиќ и останатите уапсени со него даваат исказ

Бандиќ и останатите уапсени со него даваат исказ
Продолжуваат истражните дејства против градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, кој беше уапсен вчера заедно со уште 18 лица и под сомнение за корупција, злоупотреба на положбата и трговија со влијание. Акцијата ја спроведе посебниот антикорупциски оддел на хрватското Државно обвинителство - Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК), каде сите спроведени денеска во текот на целот ден даваат исказ. Доцна вечерва или утре се очекува уапсените да бидат изведени пред истражен судија кој треба да одреди дали ќе бидат задржани во притвор. Синоќа и утрово УСКОК спроведе и претреси во домовите и службените канцеларии на сите уапсени. Заедно со Бандиќ, меѓу најпознатите лица кои се приведени се директорот на холдингот што ги собира сите комунални претпријатија на Загреб Слободан Љубичиќ и директорот на  ЦИОС, регионално присутна компанија за секундарни суровини Петар Припуз. Во притвор ноќта ја поминаа и директорите на повеќе комунални претпријатија во хрватскиот главен град, на јавниот трамвајски превоз и други блиски соработници на Бандиќ. За градскиот „татко“ на хрватскиот главен град е спроведена детална истрага, а му се закануваат повеќе сериозни обвиненија, меѓу кои и она за злоупотреба на средства за предизборната кампања за претседателските избори во 2009 година.  
Слично

Поврзани вести