Банда малолетници претепаа две момчиња во центарот на Скопје
Насилството и бандитизмот се повеќе владеат со младата популација.
Послениот инцидент на малолетници се случи во петокот во Скопје на автобуска станица, каде беа претепани двајца средношколци.Нив ги нападнала група од 15 малолетници.
Повредените момчиња со повреди на главата и телото се пренесени во Ургентниот центар.
Напаѓачите избегале и се качиле во приватен автобус бр. 55 кој води до Арачиново, но по патот автобусот е стопиран, а лицата се приведени во полициската станица во Гази Баба.
Слично
