Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бан Ки-мун со осуда за крвавиот терористички напад во Истанбул, бројот на жртви расте

Бан Ки-мун со осуда за крвавиот терористички напад во Истанбул, бројот на жртви расте

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го осуди синоќешниот терористички напад во Истанбул во кој загинаа над 30 лица со експлозии на две бомби во близнина на фудбалскиот стадион на Бешикташ.

Тој го изрази своето длабоко сочуство и жалење до семејствата на жртвите и народот на Турција и изрази надеж дека виновниците наскоро ќе бидат утврдени и  изведени пред правдата, пренесе ТАСС.

Портпаролот на Совет за национална безбедност на претседателот на САД, Нед Прајс, синоќа од Вашингтон, исто така, го осуди нападот во Истанбул, насочен против полициските сили.

- Нашите мисли и молитви се со настраданите, нивните семејства и најблиски и со целиот народ на Турција. Во овој момент сме заедно со Турција, нашиот сојузник од НАТО, а против сите терористи кои им се закануваат на Турција, САД и светскиот мир и стабилност, се наведува во изјавата на Прајс, цитирана од ДПА. 


Слично

Поврзани вести