Бан Ки-мун: Лицата со аутизам да се вклучат во образованието и на работните места
Луѓето со аутизам заслужуваат да ги добијат сите можности за образование, вработување и интеграција, апелираше генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.
Во својата порака на Светскиот ден на аутизмот, тој нагласи дека аутизмот е доживотна попреченост, која најчесто се манифестира во првите три години од животот.
„Светскиот ден на аутизмот е шанса да се прослави креативниот ум на лицата со аутистични спектрални нарушувања и да се обнови нашата посветеност да им помогнеме да го реализираат својот огромен потенцијал. Нивната сила инспирира. Тие ги заслужуваат сите можности за образование, вработување и интеграција“, рече генералниот секретар на светската организација.
Сепак, во многу земји во светот, лицата со аутизам сеуште се соочуваат со дискриминација и исклученост. Дури и онаму каде што нивните права се заштитени со закон, тие често мора да се борат за да дојдат до основни услуги.
http://www.youtube.com/watch?v=vCQ6XfUmBk0
Слично
