Бан Ки Мун: Договорот меѓу Белград и Приштина се реализира бавно
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Mун во својот најнов извештај за состојбата во Косово наведува дека одредбите од Договорот меѓу Белград и Приштина се реализираат бавно.
Тој во документот пишува дека Косово треба уште многу да работи на промоција на толеранцијата и помирувањето меѓу заедниците, на гарантирањето на малцинските права и на обезбедување услови за враќање на раслените лица.
„Сепак, со загриженост констатирам дека има бавно темпо во имплементација на договореното во последните 12 месеци и се надевам дека досега преземените чекори со посредство на ЕУ ќе бидат пропратени со енергични напори за довршување на преостатантите обврски и за решавање на останатите прашања во блиска иднина“ - вели Бан Ки Мун.
Во извештајот за периодот од 16 јануари до 15 април годинава, тој ја поздравува посветеноста на косовските власти за нормализација на односите со Белград и за спроведување на она што е договорено досега.
