Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЛОНИ ПОЛНИ БОЈА И ВЕЧЕРВА: „Шарената револуција“ пореволтирано како никогаш досега продолжува

БАЛОНИ ПОЛНИ БОЈА И ВЕЧЕРВА: „Шарената револуција“ пореволтирано како никогаш досега продолжува

Исто време, исто место.

„Протестирам“ и вечерва во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство ќе го започне 12-от по ред масовен граѓански собир против како што велат авторитарниот и корумпиран режим и  хајки против нивните слободоумни соборци.

Се најавува масовна излезеност поради денешното приведување  на  др. Здравко Савески кој е дел од президиумот на Левица.

Со револт беше дочекана оваа вест при што од движењето „Протестирам“ велат дека очигледно е дека режимот паѓа,  а се обидува со себе да ги повлече сите останати!

Порачуваат дека вечерва ќе бидат на  улиците низ Македонија и ќе протестираат и против селективното спроведување на правдата, против заплашувањето на активистите, и за Македонија без политички затвореници!

Пред Здравко да замине на распит во станица, го напиша следново:

„Соборци и соборки за слобода, БЛИСКУ Е ПОБЕДАТА! Го раздрмавме режимот! Но, не смееме да потклекнеме! Борбата не е завршена! Мора да излегуваме масовно на протести. Да се види колкаво е незадоволството од режимот. А не само да се претпоставува. СЛОБОДАТА е скапа. И мора да ја заслужиме! Секој ден во 6!“

Протестите ќе траат се до исполнување на барањата, а едно од нив е и оставка на претседателот Иванов, кој и покрај општото несложување бара изговори да не ја поништи масовната аболиција, а оставка и не споменува.

Слично

Поврзани вести