Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканските земји бараат помош од ЕУ за проблемот со мигрантите

Балканските земји бараат помош од ЕУ за проблемот со мигрантите

Македонија, Бугарија и Албанија бараат помош од земјите од Европската унија за да се реши проблемот со илјадниците мигранти кои минуваат низ Балканот.

Трите земји бараат начин да го решат овој проблем заедно. Министрите за надворешни работи на овие земији побараа европски договор за бегалската криза.

,, Овој проблем нема да биде решен од ниту една држава сама, ниту Македонија може сама да го реши, ниту, пак, Грција или Бугарија или Германија или Шведска. Затоа ни е потребен европски договор, односно европски одговор на овој проблем, рече министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски на денешната трилатералната средба одржана во Скопје со министрите за надворешни работи на Бугарија и Албанија, Дитмир Буши и Даниел Митов.

„Има земји во Европската унија кои треба да ја преземат својата одговорност како што ја презема Бугарија. Има одредени механизми за солидарност кои ЕУ може да ги користи во однос на Р. Македонија“, вели Даниел Митов, министер за надворешни работи на Бугарија.

..Нашата поддршка за интеграција на Макдонија во НАТО е јасна и сите обиди за закочување не се во интерес на стабилноста и мирот на регионот"- рече Буши.

Брисел пак, најави дека Балканот не може да очекува директна помош од Унијата, освен помошта од осум милиони евра. Пари кои се наменети за Македонија, за Србија и за Турција и ќе можат да се користат од септември.

Слично

Поврзани вести