Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканскиот Си-Ен-Ен започнува со работа!

Балканскиот Си-Ен-Ен започнува со работа!
Од денеска започнува да емитува програма телевизискиот канал Ен1, прва регионална 24-часовна информативна телевизија, која ќе ги опфаќа Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Телевизијата е дел од мрежата на Си-Ен-Ен, а ќе има седишта во Белград, Загреб и Сараево, секое со своја сопствена уредувачка политика, новинари и телевизиско студио. Телевизијата ќе емитува и програми од американската мрежа Си-Ен-Ен за кои ќе процени дека се интересни за регионот. Во Македонија ќе биде достапна преку мрежата на Тотал Тв. „Освен телевизиски сигнал, овој екслузивен партнер на Си-Ен-Ен ќе отвори и информативен портал (n1info.com)“, изјави директорот на програмата за Србија, Југослав Чосиќ. Емитувањето на програмата е закажано за денеска во 14 часот.  
Слично

Поврзани вести