Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БАЛКАНСКИ ЕГЗОДУС“: Шест милиони луѓе заминале преку граница, нивните знаења ги користат други

„БАЛКАНСКИ ЕГЗОДУС“: Шест милиони луѓе заминале преку граница, нивните знаења ги користат други

Анализите на ЕБРД покажуваат дека при миграцијата, земјите повеќе ги напуштаат висококвалификуваните кадри отколку вработените со просечни знаења и вештини.

Претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти во разговор за РТС вели дека миграциите на квалификувани работници имаат негативен ефект на продуктивноста, но и дека негативни ефкети на растот може да има и заминувањето на нискоквалификувана работна сила.

-Емиграцијата, посебно на младите обучени кадри, е сериозен проблем за Западен Балкан. Миграциите се мотивирани со разлики во приходите во споредба со земјите во Европа. Но на миграциите исто така влијаат и незадовоството на домашните политички и економски прилики-рекол Чакрабарти.

Тој наведува дека проценките се дека скоро шест милиони луѓе од овој регион моментно живеат во странство, што претставува третина од популацијата на Западен Балкан.

-Без разлика на тоа луѓето праќаат значаен износ дознаки дома, нивните таленти ги користат другите земји. Исто така дознаките немаат значаен ефект на развојот. Тие ја ограничуваат и подготвеноста за работа на оние кои остананале „дома“-се додава.


Foto: Vaicheslav/Depositphotos

Слично

Поврзани вести