Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканска земја влезе во рецесија

Балканска земја влезе во рецесија

Хрватска се соочи со голем пад на БДП и влезе во рецесија. 

Економијата во третиот квартал имаше  пад од 10 отсто во споредба со истиот период лани. Падот е последица од намалената лична потрошувачка, но е помал во однос на претходниот квартал кога беше 15 отсто, пренесува Seebiz.

Падот е помал од очекувањата на аналитичарите, бидејќи седум аналитичари кои учествувале во анкета на агенцијата Хина, во просек очекувале пад на БДП за 10,4 отсто, а нивните проценки се движат од 9,5 до 11отсто.

Тоа е второ тримесечје по ред како хрватската економија завршува во минус на годишно ниво. 

Падот во третото тримесечје е помал одошто во второто, кога економијата поради рестриктивните мерки насочени против пандемијата, беше 15,4 отсто.

Претходно, Хрватска во 2014 година беше во рецесија.

Претходно, поради пандемијата на коронавирусот, неколку европски земји беа во рецесија. 

Слично

Поврзани вести