Балканска престолнина имала туристи од 136 земји во само еден месец
Во јуни главниот град на БиХ, Сараево го посетиле туристи од 136 земји.
Во бројки тоа се 52.698 туристи, или за 28,9% повеќе од истиот период лани.
Реализирани се 72.293 ноќевања или за 33,7% повеќе од јуни минатата година.
Највеќе туристи имало од Турција, Кина, Хрватска, САД, Саудиска Арабија, Словенија, Германија, Србија, Полска, и Велика Британија.
Бројот на туристи од Саудиска Арабија е зголемен за 400%.
241.285 посетители градот имал од јануари до јуни и тоа е за 21,2% повеќе од истиот период лани.
Слично
