БАЛКАНОТ ЖРТВЕНО ЈАГНЕ: Французите не го сакаат во ЕУ
Повеќето Французи не сакаат Балканот да се интегрира во Европската Унија.
Околу 59 отсто од француските граѓани не гледаат можност за пристап на земјите од Западен Балкан во ЕУ, открива нова студија. Таа откри зголемена недоверба кон блокот во целина, објави Еурактив. Дури 49 отсто одговориле дека вклучувањето на Црна Гора во проширувањето, би било лошо, а студијата нагласува дека дури 76 отсто од испитаниците биле негативни во однос на Турција, која исто така е кандидат за влез во ЕУ. „Балканот е како жртвено јагне“, вели Себастијан Грикур, директор на Балканската опсерваторија за фондацијата „Жан Жорес“, кој исто така учествуваше во оваа студија.
„Дали Французите им се огорчени на Косоварите, Албанците или Босанците? Би било премногу упростено да се каже така. Всушност, ним воопшто не им е гајле“, рече Срѓан Цвијиќ, еден од авторите на студијата, за Еурактив Франција.
Скоро еден од четири испитаници изјавил дека проширувањето нема да има големо влијание врз нивниот живот, ако воопшто има. Политичарите од регионот пак сметаат дека Балканот нема друга алтернатива освен ЕУ.
