Балканот во опасност од вооружени судири поради бегалската криза
Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на опасност од избивањето на вооружени судири на Балканот низ кој поминуваат повеќето бегалци, во случај Германија да ја затвори границата со Австрија.
Тензии веќе има во земјите од Западен Балкан и „не сакам таму да дојде до воени судири“, изјавила Меркел на синоќешниот собир на својата Христијанско-демократска унија во Дармштат на западот од земјата, пренесоа германски медиуми.
Многу експерти предупредија дека, во случај Германија како главна дестинација за беглаците кои во најголем случај бегаат ов војната во Сирија, ја затвори границата со Австрија, истото ќе го направат и земјите од Балканот преку кои преминуваат најголемиот број мигранти и бегалци.
Евеопската унија кон крајот на октовмри објави дека во Грција и на Балканот ќе бидат воспоставени 100000 прифатни места како би се запрела најголемата мигрантска криза досега, а во текот на претходните месеци поради решавање на мигрантската криза, веќе имаше напнатост помеѓу Словеднија, Хрвстака, Србија и Унгарија.
Меркел рекла дека не сака да биде негативна, но предупреди дека состојбата би можела да се влоши.
Прашањето на бегалците исто така внесува поделби и во Германија, во владеачката коалиција на конзервативци и социјалдемократи кои на состанокот во неделара не успеаја да постигнат договор, бидејќи конзервативците од баварска CSU побарале Германија во 2015 да прифати помалку од очекуваните 800 000 и милион бегалци.
