Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЛКАНОТ УРИВА РЕКОРДИ: Една земја се приближува до 3.000 нови случаи на ден

БАЛКАНОТ УРИВА РЕКОРДИ: Една земја се приближува до 3.000 нови случаи на ден

Расте бројот на заразени во регионот. 

Србија има скоро 1.400 заразени со коронавирусот. 

Од последиците на коронавирусот во последните 24 часа починале шест луѓе, а се регистрирани 1.384 новозаразени.

Вкупниот број на починати, сега е зголемен на 809. Притоа, хоспитализирани се 1.012 луѓе, од кои 44 се на респиратори.

Во истиот период на присуство на коронавирус се тестирани 9.458 лица, а процентот на смртност изнесува 1,86 отсто.

Според податоците кои ги објави Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИПХК) во последните 24 часа регистрирани се 284 нови случаи на ковид-19. 

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 2.488 короанвирусни инфекции.

Во Хрватска се регистрирани 2.776 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа 18 луѓе. 

Слично

Поврзани вести