Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканот под влијание на четири земји?

Балканот под влијание на четири земји?

Земјите од западниот дел на Балканот спаѓаат во сферата на интересите на четири светски сили – Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Кина и Турција, пишува белградското издание Блиц.

И тие не се колебаат – понекогаш дури премногу директно, да зборуваат отворено за она што тие го сакаат од одделните земји и регионот во целина, пишува Блиц. 

Соработникот на Факултетот за политички науки, Стефан Срлиќ вели дека оваа ситуација би требало да биде разгледана од два аспекта: стратешки и од гледна точка на безбедноста. Кога збор за стратешки интерес, тој ги вклучува САД, Русија, Турција, Кина и сите оние кои се стремат да го прошират своето влијание во регионот. Објаснува дека кога станува збор за безбедноста, Балканот останува единствената област која не е интегрирана во Европската унија, со исклучок на Романија и Бугарија. 

„Во исто време тие се и место каде што е потребно ЕУ да докаже дека е во состојба да го реши работите во задниот свој двор, да демонстрира успех на своите политики, и на тој начин да го освои легитимитет за успешно решавање на други кризи и проблеми“- вели Срлиќ.

Според директорот на Центарот за регионализам Александар Попов, Балканот е составен дел од Европа, но истовремено земјите од регионот не се дел од заедницата.

Слично

Поврзани вести