Балканот не е подготвен за голем земјотрес, пишува „Њујорк тајмс“
„Лекции од албанскиот земјотрес – Балканот не е подготвен за голем земјотрес“ e текстот кој го објави „Њујорк тајмс“.
Од Букурешт до Софија и на Балканот, голем број влади не успеаја да ги решат ризиците што ги претставуваат зградите кои би можеле лесно да се срушат ако дојде до силен земјотрес, се вели во текстот.
Њујоршкиот весник го спомнува земјотресот на 26 ноември во Албанија со јачина од 6,4 степени, во која загинаа повеќе од 50 луѓе, а повеќе стотини останаа без покрив над главата.
„Трагедијата испраќа јасно предупредување за регионот кој беше погоде од многу посилни земјотреси во минатото, а експертите сметаат дека балканските земји не се подготвени за следниот голем земјотрес“, пишува во текстот.
Властите во регионот го поттикнале градежниот бум по ’90-тите години, кога безбедносните стандарди беа често менувани во потрага по брз профит. Како резултат на тоа, милиони луѓе живеат во домови за кои е малку веројатно дека ќе издржат силен земјотрес.
Инаку, земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, на 1 јануари ја затресе Албанија.
При крајот на декември, земјотрес од соседна Бугарија ја стресе Македонија. Се работеше за земјотрес со јачина од 4.7 степени.
Неколку слаби земјотреси денеска имаше во соседна Албанија.
