Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканот го тресат земјотреси

Балканот го тресат земјотреси
Серија земјотреси денеска беа почувствувани во неколку балкански земји. Најпрвин земјотрес со јачина од 4,1 степен по Рихтеровата скала ги потресе Албанија и Црна Гора ноќеска. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во Јадранското Море, во територијалните води на Албанија и на 16 километри југоисточно од црногорскиот град Улцињ. Потресот бил почувствуван во повеќе градови во Албанија и во Црна Гора. Земјотрес денеска ја погоди и Словенија, а истиот бил почувствуван и во делови на Хрватска. Епицентарот на потресот со јачина од 4,6 степени по Рихтер бил на 50-тина километри југозападно од Љубљана. Овој земјотрес бил исклучително плиток, на длабочина од само два километри, а по него следувале и серија помали потреси.Според првичните информации земјотресот не предизвикал материјална штета.  
Слично

Поврзани вести