Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканот го чекаат големи поплави

Балканот го чекаат големи поплави

Во годините кои доаѓаат Балканот ќе се соочи со поплави. 

Добитникот на Нобелова награда и водечки светски експерт во областа на климатските промени,  Рикард Валентин предупреди дека просечната температура на Балканот во последните сто години е зголемена за цел еден степен. 

Toj вели дека сите проекции укажуваат дека на тоа подрачје врнежите ќе бидат многу почести, а со тоа се зголемуваат и условите за поплави.

Валентин за ова зборуваше на предавање што го одржа на Институтот за шумарство и животна средина во Нови Сад, Србија, на тема за влијанието на промените во користењето на земјиштето и шумарството во кружењето на јаглеродот во природата.

Тој предупреди дека не станува збор за локален проблем, туку за глобален, поради што кажа дека сите земји мора да ги намалат емисиите на јаглен диоксид и останати гасови, кои создаваат ефект на стаклена градина.

Слично

Поврзани вести