Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

Десетици жртви загинаа во поплавите и свлечиштаво Босна и Херцеговина, додека спасувачите трагаат по десетици исчезнати лица, објавија властите. Во потрагата се вклучија и спасувачи од регионот, а пристигнаа и тимови на ЕУ, додека за евакуираните семејства се носи хуманитарна помош.

Елементарна непогода и поројни зафатија делови од Црна Гора и Хрватска, каде на брегот на Јадранското Море, во Макарска и Далмација беа целосно поплавени патиштата, мостовите, а силниот ветер фрлаше цели автомобили во морето.

Сепак, најтешко погодена област е Долна Јабланица во Босна, на патот меѓу Мостар и Сараево.

Потрагата по исчезнатите е отежната поради излевањето на калта и канализацијата во, а прогласена е и вонредна состојба. Властите во Босна прогласија тридневна жалост.

Минатиот месец поплави погодија голем дел од Централна Европа, особено Полска, Чешка и Романија, со голема материјална штета и повеќе жртви.

Научниците од World Weather Attribution изјавија дека овој четиридневен период бил највлажниот некогаш забележан во регионот.

Тие додадоа дека поплавите биле толку обемни поради климатските промени.

Европа е континентот кој најбрзо се загрева.

Според Климатската служба Коперник, во изминатите пет години беа во просек околу 2,3 степени потопли отколку во втората половина на 19 век.

фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC

Слично

Поврзани вести