Балканот би можел да биде многу важно геополитичко место
Стив Бенон, поранешниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Балканот геополитички може да добие стратешко значење за развивање на светската политика.
„Европа е многу важна за претседателот Трамп и очигледно важна за САД, бидејќи вие сте мајка - цивилизација од каде потекнува новиот свет“, кажа Бенон во интервју за РТРС.
Тој смета дека Балкнот игра голема улога на светската политичка сцена, а доказ за тоа се и зголемените интереси на Турција, Кина и Иран. На ова се надоврзува и средбата на рускиот претседатек Владимир Путин со претседателот Доналд Трамп и поканата за посета на Вашингтон, по што се очекува тоа да биде возвратено со посета на Москва.
Според трдењата на Бенон, Џорџ Сорос е татко на злото, кој се обидува со пари да ја промени сликата на Европа и токму затоа се формирани голем број медиуми кои треба да бидат опозиција на популистичките партии во Европа, со цел да се направи рамнотежа на Сорос и неговите соработници.
„Мислам дека Џорџ Сорос има негативно влијание во светот. Тоа најдобро се гледа преку големиот број мигранти и политиката на отворени граници, па сега дел од европските земји како што се Австрија и Италија бараат решение на овој проблем“, кажал Бенон.
